logo
logo
logo

Даниел Kaјмаковски итно примен во болница-пpиjaвил дека поранешната сопруга му стави нешто во кафето

Vecer | 17.04.2021

Даниел Kaјмаковски итно примен во болница-пpиjaвил дека поранешната сопруга му стави нешто во кафето

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Му се слошило по средба со поранешната сопруга на која таа му дала кафе во кое тој се сомнева дека имало дрога. МВР потврди дека Кајмакоски бил примен во болница и дека се работи на расчистување на случајот.

„Вчера во 13,00 часот во полициска станица Центар од Комплекс клиники ’Мајка Тереза’, било пријавено дека кај нив бил примен Д.К.(38) од Струга, по чие што кажување додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга (25-годишна жена), таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, биле ставени наркотични средства. Жената била повикана во полициска станица Тетово при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Д.К. за да го види своето дете но воопшто не пиеле кафе. Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Д.К. му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи. Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „А1он“. Поранешната сопруга на Кајмакоски, Кристина Димитријевска, за „А1он“ рече дека не сака да коментира за обвинувањата.

„Не би коментирала вакви глупости. Ако мислите дека треба да кажам нешто барајте го мојот адвокат“, кусо одговори Димитријевска на прашањето зошто Кајмакоски ја обвинува дека му дала кафе од кое му се слошило и го исклучи телефонот. Кајмакоски се разведе во 2019 година по три години брак со Димитријевска во кој добија син.

Извор: А1 ОН

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk