logo
logo
logo

Марија Спасовска ќе ви покаже зошто е најубаво она што е „Забрането“!?

Vecer | 06.10.2025

Марија Спасовска ќе ви покаже зошто е најубаво она што е „Забрането“!?

Марија Спасовска по речиси една година пауза има нова песна. Во перидот кој е зад неа младата пејачката беше посветена на студиите и факултетот надвор од земјава, па заради отсуството од дома и академските обврски, разбирливо музиката беше на „стенд бај“, но не и креативноста. Марија за време на летната пауза беше дел од второто продолжение на проектот „Македонијо, во срце те носиме“, каде со нејзината изведба ја возобнови познатата охридска песна „Ја излези стара мајко“. Со искусната екипа познати македонски фолк и поп ѕвезди гостуваше низ градовите ширум Македонија , каде музичкиот караван имаше серија свои концерти на плоштадите.

Но, својата лична авторска креативност младата пејачка ја покажува преку својата најнова песна насловена „Забрането“. Провокативен наслов кој зборува за една приказна во која што тоа и кому му е забрането и дали забранетото всушност е најубаво и најслатко?

Песната неслучајно беше објавена вчера, недела, 05 октомври, токму на роденденот на Марија Спасовска.

Инаку автор на музиката и стиховите е самата таа, додека за аранжманот се погрижил Иван Јованов – Ивајо.

За песната е снимен и видеоспот, кој го потпишува Томислав Живковиќ.

Проследете го видеото на Марија Спасовска во продолжение за да дознаете зошто е најубаво она што е „Забрането“!?

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk