Во вакво издание се уште не сме имале шанса да ја видиме убавата Хали Бери.
Во шестата деценија актерката Хали Бери не престанува да изненадува со своите иновативни трансформации, а во неодамнешната објава на социјалната мрежа Инстаграм успеа да ги надмине сите очекувања на своите фанови.
55-годишната актерка во кратко видео на споменатата мрежа покажа како се во тек подготовките за снимањето на новата американска реклама, во која ја глуми Клеопатра.
Бери позираше во прекрасен златен фустан со големо деколте кое ги открива и нејзините бутови.
Се чини дека целокупниот изглед на египетската кралица е надополнет со голем накит, но и, може да се каже, цирконска круна.
View this post on Instagram