logo
logo
logo

ЦЕЦА: “БОСАНЕЦ ЗНАЕ ДА ПРЕТЕРА, ПА ДОБИВА ТОА ШТО ЗАСЛУЖИЛ“

Vecer | 09.10.2021

ЦЕЦА: “БОСАНЕЦ ЗНАЕ ДА ПРЕТЕРА, ПА ДОБИВА ТОА ШТО ЗАСЛУЖИЛ“

Драган Стојковиќ Босанец како да му е “слабост“ Цеца па постојано има забелешки на нејзините коментари околу оценувањето на кандидатите во “Ѕвездите на Гранд“ притоа изнесувајќи “аргументи“ кои не баш пријатно му се “удараат од глава“. Но бидејќи “Ѕвездите на Гранд“ меѓу дугото е забавно шоу, членовите на жирито истакнуваат дека разидувањата се составен дел на сечие однесување.

- Имаме право и на различни мислења. Кога е нешто лично тогаш е лично. Лично се возвратува како одговор, а кога е професионално исто и во тоа учествуваме. Тука нема ни лошо ни негативно. Босанец знае да претера, па Босанец добива тоа што заслужил – рекла таа за Гранд онлајн.

При доаѓање на снимање на шоуто, Цеца најавила дека нема да тренира строгост додавајќи дека секој кандидат треба да покаже она што најдобро знае.

- Навистина се квалитетни, но свесни сме дека некои не го даваат својот максимум бидејќи се плашат од сцената, жирито и продукцијата. Јас мислам дека жирито не е толку строго и им даваме шанса и ова е еден убав формат врзан за музика која ја сакаме и публиката сака да го гледа. Никогаш не се знае, некој кој ќе отпадне би можел да направи кариера.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk