Крај на една ера: Најпознатата русокоса во светот повеќе не е русокоса ФОТО
Памела Андерсон, жена која со децении е секс симбол и отсекогаш била позната како русокоса, во различни нијанси на таа боја, направи она што апсолутно никој не го очекуваше - таа повеќе не е во кампот на русокосите.
Да, добро прочитавте. Памела Андерсон повеќе не е русокоса!
Со месеци сме сведоци на нејзината одлука да промовира поприроден изглед, што таа апсолутно го фаворизира, и строго се држи до својата одлука дури и да не носи шминка како порано, а сега очигледно е време да ја направи косата поприродна.
Славната Памела Андерсон е најпознатата русокоса во светот со децении, уште од познатата серија „Baywatch“ што ја направи позната. И можеме слободно да кажеме дека една ера заврши, бидејќи сега таа е црвенокоса.

Таа ја скрати долгата коса одамна, а сега ги замени светлите нијанси на русата со суптилна црвена боја што наликува на бојата на медот.
Таа ја комбинираше својата нова боја на коса со многу лежерна фризура и дневна облека, а нејзиниот природен изглед го гледаме од 2023 година, кога го шокираше светот на Неделата на модата во Париз појавувајќи се без шминка.
„Само си помислив, го правам ова за сите девојки и ова е за нив. Во денешно време, дали воопшто знаеме како изгледа едно лице? Ова е тоа“, рече таа тогаш, а претходно откри дека престанала да носи шминка откако нејзината долгогодишна шминкерка и пријателка почина од рак на дојка.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата