logo
logo
logo

Сенидах во Скопје и се чувствуваше, не само што се слушаше

Vecer | 18.02.2026

Сенидах во Скопје и се чувствуваше, не само што се слушаше

Кога фотографиите зборуваат повеќе од зборови, и кога секој кадар од концертот на Сенидах открива вечер што не беше само настап, туку вистинско доживување, спектакл што се чувствуваше под кожата. Сè едноставно, а моќно. Сè обично, а сосема необично. Скопје доби концерт што ќе се прераскажува.

Настапот на Сенидах, инаку во организација на Скајмјузик продукција, беше спектакл, ама, што се вели без вишок. Онака баш тамам – сè едноставно, а моќно. Сè обично, а сосема необично. Вечер што личеше на празник за сетила, каде музиката беше во прв план, а емоцијата во секој здив.

Со нов звук, оркестар и гудачи, нејзините песни добија поинаква, подлабока димензија. Повеќе од 15 музичари на сцената создадоа богата, жива слика што пулсираше во ист ритам со публиката. Немаа потреба од големи визуелни трикови – доволни беа гласот, аранжманите и харизмата. А на Сенидах таа не и недостасува. Жената си грми на сцена!

Од првиот до последниот тон, арената пееше во еден глас. Коментарите по концертот  едногласни: звучеше „како на плоча“ – чисто, прецизно, беспрекорно. А сепак, со онаа непредвидлива магија што ја има само живиот настап.

Сенидах не само што одржа концерт, таа создаде доживување и остави чувство дека Скопје и таа одамна си припаѓаат.

Фото: Никола Грнчаров

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk