Новинарката Лорен Санчез и милијардерот Џеф Безос организираа раскошна забава со пена во близина на Црес на јахта вредна 500 милиони долари, објавува „Дејли меил“.
Двојката наскоро ќе пристигне во Венеција за да ја прослави својата венчавка, која е закажана за 27 јуни.
Двојката изгледаше многу весело, и покрај антикапиталистичките протести и антикапиталистичките демонстранти кои се закануваа дека ќе ги блокираат каналите и ќе го нарушат настанот.
Санчез и Безос се забавуваа покрај брегот на островот Црес, последната станица пред да пристигнат во Италија, повеќе од две години откако се сложија на брак на истата таа јахта додека таа беше закотвена во близина на Канскиот филмски фестивал.
На јахтата висеше знак со натпис „Среќен роденден“ бидејќи наводно се славеше и 19-тиот роденден на синот на Санчез, Еван. Гостите на двојката уживаа во скокање од јахтата, веслање и сончање на лежалки на горната палуба.
Свадбената прослава на двојката трае цела недела и се проценува дека ќе чини 15-20 милиони долари. Пред нивното пристигнување во Венеција, се појавија знаци како „Нема место за Безос“ и „Венеција: Игралиште за олигарси“ бидејќи дел од населението не сака вакви настани во нивниот град.
Демонстрантите дури планираат да блокираат улици и канали за да го спречат пристигнувањето на речиси 200 гости. Федерика Тонинело, која е вклучена во организирањето на протестот, го објасни планот:
„Безос никогаш нема да стигне до Мисерикордија. Ќе лежиме по улиците, ќе ги блокираме каналите со чамци и сплавови.“
Меѓу поплаките е дека масовниот туризам ги зголемува цените на становите и ја прави Венеција недостапна за „обичните луѓе“.
Сепак, организаторите на свадби „Ланца и Баучина Лимитед“ тврдат дека од самиот почеток имале јасни инструкции од своите клиенти за тоа како да го минимизираат влијанието врз градот и да вработат што е можно повеќе локални жители. Тие додадоа дека Безос и Санчез донирале средства на венецијански добротворни организации и дале пари во име на нивните гости.
Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, е горд што ја избрал Венеција како локација за оваа раскошна свадба.
„Горди сме што ја избраа Венеција. Таа повторно се докажува како глобална сцена“, рече тој.
Свадбената церемонија ќе биде само еден од трите формални настани на различни локации. Гала вечерта е закажана за 26 јуни во приватен манастир до Лидо (веројатно во Chiostro della Madonna dell’Orto), а церемонијата ќе се одржи во црквата на 28 јуни.
Гостите ќе пристигнат во Италија во наредните денови, а се очекува да останат до 29 јуни.
Меѓу гостите се Ким Кардашијан, Крис Џенер, Кети Пери, Орландо Блум, па дури и членови на семејството Трамп, а на свадбата ќе настапат и Лејди Гага и Елтон Џон.
„Лорен сакаше големи имиња кои можат да пеат на свадбата, а нема поголемо име од Гага и Елтон. Плус, тие се добри пријатели и уживаат да пеат заедно, што е одлично. Ќе биде како мини-одмор за најдобрите пријатели“, рече изворот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата