logo
logo
logo

Караванот МАКЕДОНИЈО, во срце те носиме патува кон Струмица!

Vecer | 08.09.2025

Караванот МАКЕДОНИЈО, во срце те носиме патува кон Струмица!

По магичните вечери во Охрид, Делчево и Штип, каде што илјадници гласови пееја како еден, музичкиот караван Македонијо, во срце те носиме пристигнува во Струмица! Дружбата со струмичката публика е закажана во среда (10 септември) со почеток во 20:00 часот.

Ова не е само концерт – ова е празник на македонската душа, на љубовта кон татковината, на гордоста што сме дел од народ со вековна историја и песна што живее во секој еден од нас - затоа да ја славиме нашата култура, да ја покажеме емоцијата и заедно да ја пееме Македонија! Да запееме со Наум Петрески, Зуица Лазова, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Спасен Силјаноски, Андријана Јаневска, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Марија Спасовска и Мина Блажев затоа што песната не знае за поделби, таа зближува, лекува и обединува.

-Во Охрид, Делчево и Штип пеевме со срце, сега е време Струмица да одекне. Време е да запееме сите, гласно, гордо... Време е Македонија да ја обоиме со најубавите звуци!, велат организаторите Скендеровски продукција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk