logo
logo
logo

БУНТ НА ГЛУМЦИТЕ! ОРАШАНИН, БИКОВИЌ И ЕКИПА ГО ИСФРЛИЛА ЛЕЧИЌ ОД ПРЕТСТАВА! Тој им порачал: Со вас повеќе никогаш ништо

Vecer | 25.03.2021

БУНТ НА ГЛУМЦИТЕ! ОРАШАНИН, БИКОВИЌ И ЕКИПА ГО ИСФРЛИЛА ЛЕЧИЌ ОД ПРЕТСТАВА! Тој им порачал: Со вас повеќе никогаш ништо

Глумецот Бранислав Лечиќ е исфрлен од претставата “Кога цветаа тикви“, која е на репертоар на Белгратскиот драмски театар, бидејќи неговите колеги потпишале петиција во која неведуваат дека не сакаат да играат со него на сцена додека ситуацијата поради обвинувања дека ја силувал глумицата Даниела Штајнфелд не се реши.

Како се дознава предлог бил подржан скоро од сите актери во претставта на чело со Милош Биковиќ, а петицијата била потпишана и од Миодраг Радоњиќ и други.

- Не велиме дека Лечиќ е крив. Мислиме дека тој не треба да се појавува во театар и да игра претстави додека не се реши оваа ситуација и судот не донесе одлука – вели Радоњиќ

- Поради комплексноста на сите настани сметаме дека овој случај е во рацете на надлежните институции, се наведува во соопштението.

Леќиќ кој вчера се повлекол од чело на Демократската партија им одговорил на колегите:

- Од оние кои судат за луѓето и вакви настани, и обвинуваат преку медиуми, без право на мој глас и мојата вистина, никогаш повеќе нема што да барам. Заборавете на нашата соработка и порачете им на тие глумци дека такви луѓе и глумци воопшто не ме интересираат... Вистината ќе победи – напишал тој на Инстаграм.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk