Објавен е трејлерот за документарната серија „Супер модели“, која доаѓа оваа есен.
Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Евангелиста и Кристи Тарлингтон ќе се појават во документарната серија од четири дела што ќе пристигне на Apple TV+ на 20 септември, а трејлерот откри што може да очекуваат гледачите.
Презентација на она што се случувало зад камерите и надвор од модната писта
Гледачите добиваат шанса да видат што се случило надвор од модната писта и тоа открива некои од предизвиците што сите морале да ги надминат за да стигнат до каде што се денес. Трејлерот има повеќе од два милиони прегледи. Во серијата изјави даваат многу ѕвезди од модната индустрија, како Марк Џејкобс, Едвард Енинфул, Мајкл Корс, Донатела Версаче...
„Невиден пристап до моделите ги носи гледачите зад камерата и надвор од модната писта, откривајќи како тие доминирале во елитниот свет на манекенството, притоа осветлувајќи ја врската која самостојно ја промени динамиката на моќта на целата индустрија“, најавува Apple TV+.
Документарната серија патува во осумдесеттите кога четири жени од различни делови на светот се обединија во Њујорк. Иако поединечно се силни, успехот што го постигнаа ја надмина самата индустрија.
„Денес, четирите супермодели остануваат на чело на културата преку активизам, филантропија и деловна моќ. Додека модната индустрија продолжува да се редефинира себеси и улогата на жените во неа, приказната за Наоми, Синди, Линда и Кристи останува една од најинспиративните приказни за моќта“, се вели во најавата за оваа серија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата