logo
logo
logo

Бритни Спирс: „Жал ми е што се преправав дека сум добро, тоа го правеше и мајка ми“

Vecer | 25.06.2021

Бритни Спирс: „Жал ми е што се преправав дека сум добро, тоа го правеше и мајка ми“

39-годишната Бритни Спирс му рече на судијата одговорен за надгледување на нејзиното старателство дека сака да ѝ се врати животот и да се заврши долготрајната битка за старателство со нејзиниот татко. Таа сега им се обрати на обожавателите кои ѝ покажаа поддршка за време на протестот #FreeBritney.

- Сакам да ви кажам една мала тајна ... Верувам дека сите сакаме живот од бајка дури и според моите објави ... Се чинеше дека мојот живот е прилично совршен ... Мислам дека тоа е нешто кон што се стремиме сите!!!! Тоа беше една од најдобрите квалитети на мајка ми ... Колку и да беше у*рано кога бев помлада, поради мене и моите браќа и сестри секогаш се преправаше дека сè е во ред - Бритни започна со цитат за бајките за кој Алберт Ајнштајн се споменува како автор.

- Сакам да скренам внимание на ова затоа што не сакам луѓето да мислат дека мојот живот е совршен затоа што дефинитивно не е воопшто. И, ако сте прочитале нешто за мене во вестите оваа недела ... Очигледно сега навистина знаете дека не е совршено. Се извинувам што изминатите две години се преправав дека сум добра. Јас го правев тоа од гордост и од што ми беше непријатно да споделам што ми се случува. Но, искрено, кој  не сака да има забавен Инстаграм? Верувале или не, преправајќи се дека сте добро всушност помага. Затоа, решив да го објавам овој цитат денес, бидејќи, како што велат, ако минувате низ пекол ... Инстаграм беше кул место на кое што можев да го споделам моето присуство и постоење. Место каде се чувствував како да вредам, и покрај тоа низ што минував ... И еј, тоа успеа. Затоа, решив да прочитам повеќе бајки - напиша таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk