Бритни Спирс овој Божиќ доби подарок кој долго ќе го памети. Поп принцезата ги помина празниците со својот 18-годишен син Џејден Џејмс Федерлајн, по нивното неодамнешно помирување. Гордата мама ја сподели радоста со своите следбеници на Инстаграм, откривајќи колку и значи средбата со нејзиниот син. Заедно со видео од ресторанот, каде јасно се гледа дека уживала, напишала: "Најдобриот Божиќ во мојот живот! Не сум ги видела моите момчиња две години! Солзи радосници, буквално сум шокирана. Многу сум среќна и благословена. Јас сум без зборови", рекла Бритни.
Сепак, не е познато дали на овој семеен собир присуствувал и нејзиниот постар син, 19-годишниот Шон Престон Федерлајн.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата