Некогаш мегапопуларната Бритни истакна дека се чувствува благословена бидејќи таа и нејзината мајка по 14 години можат заедно и во мир да излезат на кафе.
Русокосата пејачка во нова објава на Инстаграм откри дека се смирила со нејзината мајка Лин Спирс.
Како што истакна Бритни, многу е среќна што тие две после толку време ги решиле несогласувањата и што после се ќе може да и каже се што и „лежи на душата“.
- По три години вчера ми се појави мајка ми на врата... Помина толку време... Кога станува збор за семејството, секогаш гледаш да ги решаваш проблемите доколку дојде до нив, - напоиша Бритни покрај својата фотографија од детството.
Бритни исто така истакна дека времето ги лекува сите рани.
- Времето ги лекува сите рани! Откако добив можност да и кажам се што ми паѓаше на ум долго време, се чувствувам благословено, Те сакам многу! Благословен сум, затоа што после 14 години можеме да одиме заедно на кафе. Ајде после и да одиме во шопинг, истакнала радосната Бритни.
Инаку, врската меѓу Бритни и Лин почнала брзо да се влошува по завршувањето на старателството што татко и го имаше над неа цели 13 години, како и нејзините финансии, поради „исклучително лошата психичка состојба на Спирс“, објавија локалните медиуми.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата