Тој е осуден на 15 и пол години затвор откако силувал 16-годишно девојче и сексуално нападнал уште една тинејџерка која дошла на неговите часови по глума.
Би-Би-Си објави дека Вествуд се насмевнувал на обвинителната клупа додека деталите за неговите злосторства биле читани пред судот во Вулверхемптон. Судијата Нил Чаула рече дека Вествуд го искористил својот статус за да таргетира тинејџерки.
„Ова беше кампања на сексуални престапи, која траеше нешто повеќе од десет години со катастрофални последици. Го искористивте вашиот статус на славна личност за да пленувате наивни млади девојки под маската на часови по глума. Не покажавте никакво каење“, рече судијата.
Тој додаде дека поротата го отфрлила „наративот за обвинување жртви“. „Ти си сериски сексуален престапник и тоа стана дел од твојот живот“, заклучил судијата.
Вествуд ги негирал прекршоците, кои се случиле помеѓу 2020 и 2021 година. Тој исто така бил осуден за напад на дете во период од осум години помеѓу 2010 и 2018 година. Првиот напад се случил кога актерот имал 10 години, најраната возраст на која детето може да биде осудено за кривично дело во Велика Британија.
„Тој е предатор“, рече обвинителот Ендрју Валас. Валас пред судот изјави дека тинејџерките биле „присилени да ги глумат најнесоодветните сцени“ откако го гледале Вествуд како пат кон исполнување на нивните актерски соништа.
На судот му било кажано дека Вествуд разговарал со тинејџерка, која била силувана, за сцената со мастурбација од Бриџертон. Кога една ученичка од школата за глума се сомневала во неговите методи, тој ѝ рекол: „Прави што ти кажува наставникот“.
Вествуд убедил друга тинејџерка да се соблече за сцена од грчката митологија. Ѝ ги допирал градите и вагината.
Една од најпознатите улоги на Вествуд е во споменатата серија на Нетфликс, во која тој се појави во 17 епизоди. Тој глумеше и во серијата „Доктори“ на Би-Би-Си и во филмот „Градот на ангелите“, како и во неколку кратки филмови.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата