logo
logo
logo

Брена го прослави својот 61- ви роденден на Флорида и храбро позираше со бебе алигатор во рацете

Vecer | 20.10.2021

Брена го прослави својот 61- ви роденден на Флорида и храбро позираше со бебе алигатор во рацете

Српската пејачка Лепа Брена денеска наполни 61 година. Таа одлучи да го прослави својот роденден далеку од својата татковина - во Мајами, САД.

Таа објави неколку фотографии од патувањето на социјалните мрежи, на кое и се придружија две пријателки. Тие беа фотографирани на брод на река.

„Фарма Еверглајдс Алигатор, Флорида“, напиша Брена под објавата, позирајќи на една фотографија со младенче крокодил во рацете.

Пејачката собра повеќе од пет илјади лајкови на објавата, а многу следбеници и го честитаа роденденот во коментарит, а на честитките се придружи и колешката и пријателката на Брена, Драгана Мирковиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk