Лепа Брена веќе некое време ужива во Мајами со своето семејство, од каде што редовно се огласува на својот Инстаграм- профил. Имено, на споменатата социјална мрежа, Брена речиси секојдневно ги информира следбениците за своите активности, а сега во својата последна објава покажа како ги поминала претходните неколку дена.
Брена објави серија фотографии на кои ја гледаме како пуши томпус, пие шампањ, ужива на базен и во скапи ресторани, во друштво на Виктор и Филип Живојиновиќ.
Пејачката објави фотографија и од прошетката, а носеше обична бела маица, шапка на главата и црни очила за сонце.

Инаку, сопственикот на една пекарница во Америка го именувал својот леб по пејачката Лепа Брена.

Тој бил гостин во еден локален подкаст и открил како дошол до оваа идеја.
- Ние го продаваме нашиот леб во Америка и се нарекува „Лепа Брена“.Татко ми се сети дека тоа била некоја приказна одамна во Македонија, а потоа и ние ја зедовме таа идеја. Дури и Брена беше за да го проба и многу ѝ се допадна - изјавил тој за „Only in America“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата