Бредли и Ирина беа во врска помеѓу 2015 и 2019 година и имаат ќерка, а сега се видени како се држат за раце на прошетка, а Ирина дури и го тапка Бредли по задникот. Според Дејли Мејл, парот неодамна ги поттикна гласините за помирување кога излегоа на Ноќта на вештерките со петгодишната ќерка Леа, а Бредли беше облечен како мечка. Мора да се признае, познатото дуо прво ги поттикна гласините за обновена романса откако Ирина сподели заеднички фотографии од одморот на Бахамите во текот на летото.
Во август беше објавено дека славниот актер и познатата манекенка размислуваат да имаат уште деца. Иако се разделија во 2019 година, тие останаа пријателски расположени и јавно познати како кородители, а извор близок до парот неодамна изјавил за Page Six дека тие „размислуваат да се вратат заедно“. Изворот рекол дека Ирина „би сакала нејзината ќерка да има брат или сестра“ и дека Бредли нема ништо против таа идеја.
Да потсетиме дека Ирина и Бредли се запознале во 2015 година, пред да излезат во јавноста како пар во 2016 година. Една година подоцна, тие го дочекаа своето девојче, а потоа се разделија во 2019 година. Иако се шпекулираше дека 47-годишниот Бредли се забавува со блиската пријателка на Хилари Клинтон, Хума Абедин, медиумите пишуваат дека тоа не траело долго.
Инаку, 36-годишната Ирина беше во врска со фудбалерот Кристијано Роналдо, а минатата година накратко ја поврзуваа со контроверзниот рапер Канје Вест по неговото раскинување со Ким Кардашијан.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата