logo
logo
logo

Бредли Купер ги насмеа сите со маската за Ноќта на вештерките, имаше и силна придружба (ФОТО)

Vecer | 01.11.2024

Бредли Купер ги насмеа сите со маската за Ноќта на вештерките, имаше и силна придружба (ФОТО)

Вчера папараците ги фотографираа во интересни костими за Ноќта на вештерките додека заедно со својата ќерка посетуваа куќи и собираа слатки.

Актерот бил непрепознатлив бидејќи се маскирал во бушаво кученце со сини очи, додека манекенката го привлекла вниманието облечена како Лара Крофт. Таа многумина ги потсети на Анџелина Џоли во филмот Tomb Raider, со долга плетенка и црн кожен костум, шорцеви и високи чизми. Седумгодишната Леа се маскирала во зеленолика вештерка и одела од куќа до куќа држејќи се за рацете на нејзините родители.

Ним им се придружи Ен Хатавеј, која се преправи во ликовите од „Војна на ѕвездите“ со нејзиниот сопруг Адам Шуман. Познатата актерка носеше крем фустан со висок шлиц и златни детали и впечатливи кафеави чизми со тока.

За потсетување, Ирина и Бредли раскинаа во 2019 година, но останаа во добри односи поради нивната ќерка. Семејството и минатата година отиде на заеднички одмор. „Тој е најдобриот татко за кој Леа и јас можевме да сонуваме“, изјави Ирина за Elle минатата година.

Неодамна се дозна дека актерот е во врска со манекенката Џиџи Хадид. Долго време ја криеја врската, но се сомнева дека се заедно од октомври минатата година, кога првпат беа видени заедно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk