logo
logo
logo

Бред Пит тврди дека Анџелина Џоли му се одмаздува поради разводот

Vecer | 03.06.2023

Бред Пит тврди дека Анџелина Џоли му се одмаздува поради разводот

Според правните документи добиени од страна на Page Six, тој верува дека актерката го направила тоа за да му се врати поради битката за старателство над децата.

Познатата поранешна двојка имаше договор за поделба на имотот, при што и двајцата потврдија дека никогаш нема да го продадат својот удел во винаријата Шато Миравал што ја купија во 2008 година. Пит се согласил да ја подели сопственоста на половина, бидејќи претходно поседувал 68 отсто од земјиштето бидејќи вложил повеќе време и пари.

Сепак, во летото 2021 година, актерот дознал дека неговата поранешна сопруга го продала својот дел на руски олигарх зад грб, наводно поради одлуката таа да не го добие целосно старателството над нивните шест деца, туку да го подели со Пит.

„Нејзината одлука да ги прекине преговорите со Пит беше намерна. Како што ќе се покаже на суд, постапките на Џоли беа незаконски, сериозни и намерно му наштетија на Пит и таа беше неправедно збогатена“, се вели во документот поднесен во Врховниот суд во Лос Анџелес.

Исто така, Пит смета дека неговата поранешна сопруга со причина избрала руски бизнисмен со врски со Владимир Путин, бидејќи знаела дека тоа ќе биде лошо за бизнисот. Таа тврди дека тоа е нејзина одмазда за заедничкото старателство.

Да потсетиме, Пит претходно истакна дека „не му е грижа што мисли неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли за неговата нова врска“. Актерот од неодамна се забавува со 30 години помладата девојка Инес де Рамон, а како што пишува Дејли Мејл, тој ја запознал со повеќето од неговите шест деца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk