logo
logo
logo

Бред Пит пристигна во Унгарија за да го досними филмот, кој со нетрпение се исчекува (ВИДЕО)

Vecer | 19.07.2024

Бред Пит пристигна во Унгарија за да го досними филмот, кој со нетрпение се исчекува (ВИДЕО)

Иако тизерот за овој филм, кој ќе ја види светлината на денот во 2025 година, е објавен, тој се уште не е завршен, а се снимаат нови сцени.

Бред Пит и остатокот од филмската екипа пристигнаа во Унгарија, а филмскиот сет сега се пресели на познатата патека Хунгароринг, каде што вообичаено се одржуваат трките во Формула 1.

Холивудската суперѕвезда беше расположен, не ја симна насмевката од лицето.

Да потсетиме дека Бред Пит игра пензиониран возач, кој се враќа во Формула 1 во имагинарниот тим APXGP. Тој и актерот Демсон Идрис, кој го игра неговиот колега Џошуа Пирс, се натпреваруваат против „титаните на спортот“, според описот на филмот.

Филмот „Ф1“ го режира Џозеф Косински, кој стои зад блокбастерот „Топ Ган: Маверик“ со Том Круз.

Легендарниот Формула 1 возач Луис Хамилтон, кој победи на Британското ГП овој месец, го продуцира филмот заедно со Пит и Џери Брукхајмер.

Филмот „Ф1“ е направен во соработка со Формула 1 и Ф1 заедницата. Сите 10 Ф1 тимови и нивните возачи, ФИА и промоторите на трките придонесоа за автентичноста на приказната, пишува Дејли Мејл.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk