logo
logo
logo

Бред Пит пристигна во Италија на годишен одмор

Vecer | 19.09.2023

Бред Пит пристигна во Италија на годишен одмор

Веста ја објави интернет платформата stol.it, објавувајќи видео од американскиот актер како го напушта аеродромот во Болцано.

Двократниот оскаровец таму пристигнал со својот приватен авион. Вчера попладне тој слета на аеродромот во Болцано, а престојува во италијанскиот град Мерано, познат по бањите и луксузната велнес понуда. Пит (59) последен пат ја посети Европа на деловен план во текот на летото.

Тој во Велика Британија снимаше филм за Формула 1, но поради штрајкот на сценаристите и актерите во Холивуд, снимањето засега е прекинато. Пред неколку години се зборуваше дека Пит би можел да глуми во филмот Ötzi, но не е познато дали за тоа отпатувал во Тирол.

Познатиот актер на 18 декември ќе го прослави својот 60-ти роденден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk