Веќе подолго време се шпекулира за потенцијална романса помеѓу Бред Пит и убавата 29-годишна фитнес инструкторка Инес де Рамон, а сега извор близок до парот откри повеќе детали за нивната романса.
Во интервју за магазинот „People“, неименуван извор истакна дека љубовниците поминуваат се повеќе време заедно и дека е само прашање на време кога ќе ја откријат својата романса.
„Сè уште не е сериозно, но тие добро се забавуваат и уживаат заедно“, открил извор близок до Де Рамон.
Да потсетиме, Пит и 30 години помладата Инес наводно биле во врска неколку месеци, а се запознале преку заеднички пријатели.
Тие беа видени заедно во јавноста за прв пат кон крајот на минатиот месец кога беа фотографирани на концертот на Боно во Лос Анџелес.
View this post on Instagram
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата