Бред Пит и неговата 29 години помлада девојка Инес де Рамон беа фотографирани на French Open кадешто ги следеа тениските натпревари на Ролан Гарос, а потоа вечерта ја поминаа вечерајќи во познатиот ресторан Le Voltaire.
Тие беа придружувани од режисерот Дејвид Финчер и Фли од Red Hot Chili Peppers, а доаѓањето на двојката го разбуди интересот на фотографите и собраните обожаватели.
Пит избра комбинација во розови тонови, поточно, розева кошула и розев мантил, додека Инес се појави во елегантен кафеав кожен фустан-капут со беж додатоци.
Ден претходно, на French Open, двајцата носеа светли комбинации и не ја криеја својата нежност, па фотографите често ги фотографираа како се прегрнуваат и се држат за раце.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата