logo
logo
logo

Бред и Анџелина им зададоа големи главоболки на организаторите на фестивалот во Венеција

Vecer | 29.08.2024

Бред и Анџелина им зададоа големи главоболки на организаторите на фестивалот во Венеција

На организаторите не им е лесно да ги исполнат желбите на сите, а една задача особено „не им одговара“.

Мора да се погрижат поранешната холивудска двојка Анџелина Џоли и Бред Пит да не се сретнат. Сега имаат задача да направат таков распоред на премиери и свечености за продукциите во кои играат и кои ги промовираат да не се поклопуваат на исти локации.

- Анџелина ќе биде таму првиот ден, во четврток, а потоа веднаш ќе оди со режисерот на „Марија“ Пабло Ларен, на филмскиот фестивал Телурид во Колорадо. Бред во Венеција ќе пристигне дури во сабота, па нема шанси да се вкрстат на познатиот остров на кој се одржува фестивалот - изјавија организаторите.

Тие рекоа и дека никој од нив не побарал нивните премиери да бидат отстранети од Фестивалот.

Да потсетиме, Анџелина дојде на премиерата на филмот „Марија“ во кој се зборува за оперската пејачка Марија Калас и изгледаше одлично, додека Бред е таму за премиерата на филмот во кој глуми со Џорџ Клуни, „Волци“ .

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk