Во денешно време, многу брачни парови се соочуваат со предизвиците на „динамичниот“ живот, поради што сè повеќе се оддалечуваат еден од друг. Често се случува сопружниците, заробени помеѓу работата, децата и другите обврски, да живеат како цимери кои заедно ги одгледуваат ќерките и синовите, притоа занемарувајќи го сопствениот однос. Недостатокот на време за поврзување еден со друг станува една од главните причини за губење на блискоста во бракот.
Познатиот српски професор, писател и предавач кој остави неизбришлива трага преку размислувањата за животните теми поврзани со бракот, кога е во прашање односот помеѓу сопружниците, понудил едноставен начин за тие повторно да го изградат меѓусебниот однос.
Според него, доволно е да се одвојат само 10-15 минути секоја вечер за зајакнувањето на бракот и одржувањето на блискоста.
- Имам луда идеја. Ова им го советувам на брачните партнери: исповедајте се, мажот и жената треба да одвојат 10-15 минути еден за друг навечер, не повеќе. Се разбира, не мислам на исповедување како кај свештеник. Кажете си еден на друг како ви поминал денот, тоа не трае повеќе од 15 минути. Што си рекол, што си направил, што си слушнал од друг... Пробај преку вакво нешто да се преиспиташ, затоа велам. Затоа што целта е повторно да се зближиме еден со друг, а не да се оддалечуваме – истакнал тој своевремено.
Според Јеротиќ, ваквиот разговор не е само начин на размена на информации, туку и алатка за интроспекција и повторно поврзување на сопружниците. Неговиот совет на многумина би можел да им послужи како едноставен, но ефикасен начин да ја вратат блискоста и да го спасат бракот во тешки времиња.
На Инстаграм, се нижеа коментари покрај овој совет од Јеротиќ.
- Боже, колку вистини ни остави овој просветлен човек на сите нас.
- Јас и мојата сопруга го правиме ова откако се познаваме.
- Што ни отиде овој човек... ќе имаше уште толку многу да ни каже и да нè просветли.
- Едноставни работи што сите треба да ги знаеме.
- Неговите размислувања можат да се применат во секоја ситуација.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата