logo
logo
logo

Боно Вокс: Не го сакам името У2, повеќето песни, ниту гласот на пејачот

Vecer | 23.01.2022

Боно Вокс: Не го сакам името У2, повеќето песни, ниту гласот на пејачот

Боно и колега од бендот The Edge се појавиле во подкастот на Awards Chatter и откриле дека на почетокот настапувале под името The Hype, но не биле задоволни од тоа име и се обратиле за помош кај нивниот поранешен соученик, музичарот Стив Аверил.

„Тој дојде кај нас со неколку предлози, од кои еден беше U2“, се сеќаваат тие. „Тоа не беше името што го баравме, но беше најдоброто од понуденото“.

„Сè уште не ми се допаѓа името“, рече Боно. „Навистина не ми се допаѓа. Мислевме дека комбинацијата од букви и бројки звучи како некој шпионски авион или подморница. Звучеше футуристички. Но, набрзо се покажа дека всушност е поврзана со некаква согласност и не, не ми се допаѓа тоа име. Сè уште не ми се допаѓа името. Не ми се допаѓа“, објаснил тој.

На музичарот исто така му било тешко да слуша некои од раните песни на неговиот бенд поради неговиот сопствен глас.

„Бендот звучи неверојатно, но секогаш мислев дека мојот глас е многу напнат и некако не е мачо“, рече тој.

„Возев во автомобилот кога пуштија една од нашите работи на радио и помодрев од болка. Бев многу засрамен“, додал тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk