logo
logo
logo

Бојана Скендеровски: Ние уметниците имаме свои револуции со песните го храниме духот на македонскиот народ

Vecer | 11.09.2023

Бојана Скендеровски: Ние уметниците имаме свои револуции со песните го храниме духот на македонскиот народ

Бојана Скендеровски долги години е присутна на македонската музичка сцена. Во моментов е актуелна со Проектот Македонијо во срце те носиме, каде ја испеа легендарната „Заветна“. За ова и за многу други теми таа даде интервју за Екран.

Таа вели дека  шоуто  „Плеј потрага по звезди“ било пресвртна точка, кога решила да се занимава со музиката, како животна определба, иако студирала нешто што не било поврзано со музиката.

- Веројатно влегувањето во тие 10 финалисти беше како ветер во грб, за да ја одберам музиката како моја животна определба, рече таа.

За емисијата  Улица Македонија изјави дека е нејзина голема љубов и уживала во тој проект.

- Ме исполнуваше целиот процес околу подготовките на истата.Во еден момент решив да и се вратам на музиката во полна пареа, и навистина невозможно беше да работам на двете места, изјави Бојана.

За семејството вели дека навистина ја променило.

- Од перцепцијата на нештата,емотивно,пристапот на работите и многу други нешта.Животот стана многу подинамичен,ми снемува време во текот на денот.Поради мајчинството морав да се повлечам на некое време од сцената, но не жалам,се вратив со многу повеќе волја и енергија, посочи таа.

Бојана е задоволна од нејзиниот камбек.

– Задоволна сум,иако можеби за да се вратам ми требаше малку повеќе работа,сакав да останам доследна на поп музиката,иако кога решив да се вратам сфатив дека новиве генерации слушаат некој нов фазон,кој не ми беше близок.

За проектот „Македонијо во срце те носиме“ смета дека овој проект некако сам по себе требаше да се роди,во овие чудни,турбулентни времиња,во кои се бориме да се докажеме дека сме постоеле, постоиме,имаме свои посебности и не може никој да не негира.

- Ние уметниците имаме свои револуции,и ова е нашето оружје, песните.Со нив ние се бориме, а се трудиме да го храниме духот на македонскиот народ.Многу сум среќна што публиката го сака,и сега очекувам да се видиме на концертниот караван низ градовите во Македонија, изјави Бојана.

“Заветна” за неа лично многу посебна песна.

- Таа е песна над песните.Кога бев помлада ја сакав, но денес во овие времиња комплетно ја разбирам и чувствувам, Георги Барбаровски во неколку строфи ја раскажува нашата судбина,борба и историја,и буквално ништо не се променило од пред 32 години кога ја напишал.Пепи Бафтировски е еден од моите омилени пеачи,и многу сум тажна што сеуште никој во државава не се сети да му даде постхумно признание,или пак една спомен плоча да се подигне во негова чест, изјави Бојана.

Во моментов сме окупирани со концертите на проектот “Македонијо во срце те носиме” во следниов еден месец,а потоа имаме на ум уште многу проекти кои се надеваме дека ќе успееме да ги реализирам, изјави таа.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk