logo
logo
logo

Блејк Лајвли повторно обвинета за клевета

Vecer | 06.02.2025

Блејк Лајвли повторно обвинета за клевета

Спротивставените страни се поврзани со филмот „Ова завршува со нас“ (It Ends with Us), каде што Лајвли и Балдони глумеа заедно.

Џед Валас од фирмата „Стрит рилејшнс“ (Street Relations), во жалбата поднесена до Федералниот суд на Тексас во вторникот, ја обвинува Лајвли за клевета затоа што го вмешала во своите судски спорови со Балдони. Валас бара отштета од најмалку 7 милиони долари и официјално признавање дека не е вмешан во акт на вознемирување или одмазда против актерката.

Лајвли истиот ден претходно побара сменување на Валас. Според познавачи, тоа може да било и подготвителен потег, пред глумицата да го додаде како обвинет во нејзината тековна тужба против Балдони и неговата компанија „Вејферер“ (Wayfarer).

Во поднесокот на Лајвли се тврди дека Валас „создал дигитална армија којашто ќе промовира содржина што се чини автентична, на платформите, социјалните медиуми и форумите за разговор“ на интернет. Целта, според глумицата, било тој потфат „да влијае на јавното мислење“ со што би се предизвикало нејзино оцрнување.

Тужбата на Валас од 10 страници тврди и дека Лајвли со своите обвиненија за вознемирување, сексуално вознемирување и одмазда, поттикнува расправија без докази.

Лајвли, се тврди, „даде лажни изјави за печатот преку приватен административен поднесок, тврдејќи дека г-н Валас и 'Стрит рилејшнс' сексуално ја вознемирувале, ѝ се одмаздувале, помагале и поттикнувале други да го прават истото, прекршиле договор со неа и се вклучиле во друго несоодветно однесување“. Валас, од своја страна, вели дека никогаш не се сретнал, ниту разговарал со Лајвли.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk