logo
logo
logo

Бјелогрлиќ е осуден на 6 месеци за напад над режисерот Антонијевиќ: Разочаран сум од пресудата

Vecer | 25.10.2024

Бјелогрлиќ е осуден на 6 месеци за напад над режисерот Антонијевиќ: Разочаран сум од пресудата

Првиот основен суд во Белград денеска го осуди Бјелогрлиќ на условна казна од шест месеци, со две години пробен период.

Бјелогрлиќ вели дека е разочаран од пресудата.

„Ваквата пресуда е разочарувачка за мене. Мислам дека судот овие три години не донесе низа факти кои беа изнесени во судницата, кои јасно покажаа дека не сум го сторил кривичното дело за кое сум осуден. Моите адвокати ќе поднесе жалба и ќе ги искористи сите законски правни средства за да се избори за праведен исход“, изјави тој за медиумите, пренесе Индекс.

Вели дека е убеден дека пресудата е продолжување на притисокот што му се вршел со години. „Затоа мојата изјава е јасна: Денеска ме осудивте неправедно, но не ми ги одземавте идеалите, не ми ја одземавте вербата во ова општество, не ми ја одземавте вербата во народот на Србија и нивната сила да се борат за поправедно општество во кое нема да може да се прогонува поединец. Ајде да продолжиме понатаму.“, рече актерот.

Да потсетиме, Антонијевиќ, режисерот на филмот Дара од Јасеновац, го тужеше Бјелогрлиќ за инцидент во хотелот „Амбасадор“ во Ниш во 2021 година, кога дошло до физички конфликт. Бјелогрлиќ од самиот почеток се изјаснил за невин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk