logo
logo
logo

„Биковиќ лажно се претставува, НЕМАВ СВОЈ ЖИВОТ“ - Шок исповед на бившата на актерот (ФОТО)

Vecer | 01.08.2021

„Биковиќ лажно се претставува, НЕМАВ СВОЈ ЖИВОТ“ - Шок исповед на бившата на актерот (ФОТО)

Арина Волошина на својот официјален профил на Инстаграм објави долга порака за Милош Биковиќ и нивната емотивна врска во која, како што тврди, биле една година.

Оваа млада убавица вели дека „имала надеж дека има нешто човечко во него“, а тоа е премногу благо во однос на другите тврдења што ги изнесе за српскиот актер.

- Не го живеев својот живот околу една година, бидејќи бев во врска со Милош Биковиќ. Морав да размислувам за мојот имиџ, угледот (што е најважно за него, но за жал, сликата на екранот не одговара на реалноста, особено е застрашувачка кога човек го споменува Бог на секој чекор). Ја имав последната надеж дека има нешто човечко во него. Но, на 31 јули, се беше целосно распрснато. Човекот се однесуваше многу грубо - напиша Арина.

- На почетокот, кога се појави информацијата дека сме заедно, јас веднаш предложив да кажам дека немам ништо со него - продолжи таа и додаде дека Биковиќ тогаш и рекол дека повеќе нема да се крие, ако медиумите веќе разбрале дека биле заедно.

Меѓутоа, кога се беше откриено, тој се промени кон мене, си замина, се олади, а јас слушав се што ми кажуваше - тврди оваа девојка.

- Кога тоа се случи, неговата реакција, однесување и став кон мене се посебна приказна. Само немој да реагираш, не одговарај и не бриши. Јас го направив токму тоа. Слушав се што ми кажуваше. Денес, јас не сум негова девојка, така што ми е полесно да зборувам за ситуацијата за да нема повеќе претпоставки и прашања - објасни Арина.

- Примање негативни пораки од странци, дека ќе ме убијат, дека ќе умрам, читај секакви навреди - уморна сум. Егоцентризмот на оваа личност ги премина сите граници. И тие вредности за кои зборува, не знае за нив, и се гледа само себеси, не го почитува времето, работата, здравјето на другите луѓе. Особено кога станува збор за блиската околина. Чувството на одговорност и чувството на вина за него е најстрашното, бидејќи го гуши, во такви моменти треба да не размислувате за себе и за својата удобност. Животните ситуации што се развија ја открија внатрешноста на личноста од сите страни - заклучи Волошина.

Да потсетиме, веста дека Милош има нова девојка и дека се работи за Арина одекна во мај 2021 година.

Актерот потоа беше снимен на вечера на списанието „InStyle“ во друштво на оваа атрактивна руска танчерка, инаку шампион во танц кој досега освои бројни награди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk