Од неа се збогуваат бројни колешки од музичкиот свет, меѓу кои и Бијонсе, за која Тина беше еден од најголемите идоли и модели.
Среде нејзината турнеја „Ренесанса“, Бијонсе објави емотивна порака на својата веб-страница посветена на Тина.
-Моја сакана кралица, те сакам бескрајно. Многу сум благодарна за твојата инспирација и за сите начини на кои ни го трасираше патот. Ти си сила и издржливост, ти си олицетворение на моќта и страста. Сите ние сме толку среќни што бевме сведоци на твојата добрина и прекрасен дух кој вечно ќе живее - напиша Бијонсе.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата