logo
logo
logo

БИДНА „ВАЛАНДОВО“ - победи Мишко Крстевски

Vecer | 29.05.2023

БИДНА „ВАЛАНДОВО“ - победи Мишко Крстевски

На 36. издание на фолк фест „Валандово“, што се одржа синоќа во фестивалската сала „Јанко Узунов“, победи пејачот Мишко Крстевски со песната „Ема убава“ по текст, музика и аранжман на Љупчо Трајковски-Фис. Второпласирана е композицијата „Ни седум неба ни седум гори“ на Елена Андоновска, а третото место според гласовите на публиката во салата и стручното жири го освои песната „Букет од сомнежи“ на Анета и група „Молика“ по музика и аранжман на Миле Барбаровски, текст Ѓорѓи Барбаровски.

Награда за животно дело постхумно му беше доделена на Ѓоко Дончев за неговиот придонес на македонската музичка сцена и вредностите што ги оставил зад себе.

Ревијалниот дел на Фестивалот беше посветен на виртуозот на хармониката и композитор, Милан Завков, во чија чест изведувачи и негови пријатели изведоа музички омаж.

Покрај наградите за најдобрите песни, беа доделени и признанија за најдобар дебитант, текст, аранжман и интерпретација.

Наградите ги врачија уметничкиот директор Живоин Глишиќ и градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk