logo
logo
logo

КОГА СЛАВАТА УДИРА ВО ГЛАВА

Беше миленик на жените, а сега СЛУША ГЛАСОВИ кои го тераат на убиство! ИМА 6 ДИЈАГНОЗИ

Vecer | 22.09.2022

Беше миленик на жените, а сега СЛУША ГЛАСОВИ кои го тераат на убиство! ИМА 6 ДИЈАГНОЗИ

Од мало слатко, русокосо момче до истетовиран мрачен тип.

Во групата „Backstreet Boys“ најмногу се истакна Ник Картер, русокосо момче кое ги скрши срцата на обожавателките. Беше омилен лик на сите, весел и харизматичен.

Како што растеше неговата популарност, така и неговиот брат Арон сакаше да се истакне и да почувствува малку слава. Но, за младиот Арон, славата изгледаше како да го наруши неговиот мирен живот. Картер се прослави како дете ѕвезда во доцните 90-ти, но неговата транзиција во адолесценција го направи зависник и го остави без пари.

На почетокот на годината се огласи неговата девојка Мелани Мартин и раскажа како Арон при расправија и скршил три ребра. Таа побарала забрана за приближување, но и во тој период пејачот ги исфрлил од дома својата девојка и синот.

Младиот пар толку многу се карал, мирел, и така во круг, па поради споменатите обвинувања од Мелани им било одземено старателството над заедничкиот син. Нивното дете сега го чува нејзината мајка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aaron Carter (@aaroncarter)

Ник ѝ објасни на јавноста и дека Арон и признал на нивната сестра Енџел дека боледува од шизофренија и биполарно растројство, како и дека  слушал гласови за „убивање бебиња“ во главата. Кога Енџел го прашала дали размислува да ја убие или кој било друг, тој едноставно одговорил „Размислувам да ја убијам Лорен Кит“, која е сопруга на Ник.

Исто така, во еден момент страдал од нарушување во исхраната, па брзо ослабел, а не криел дека е зависник од антидепресиви. Своевремено во една емисија на американската телевизија тој отворено ги набројувал своите дијагнози, покрај нарушувањата во исхраната и зависноста.

Картер неодамна изјавил за медиумите дека повторно е на рехабилитација, по петти пат, како што наведува, сака да се справи со прекумерната употреба на марихуана и да воспостави контрола врз себе и врз својот гнев. Признал и дека си го уништил мозокот со користење на разни недозволени супстанци и дека имал над 100 напади.

Тој истакнал и дека прави се за да го врати старателството над синот.

- Сакам мојот син да се врати. Најважно ми е да бидам татко. Сега сум припитомен и цивилизиран и пораснат и се грижам за своите обврски, објаснува Картер.

 

- Сфатив дека се убивам и дека поради тоа уништувам се околу себе, рекол Картер.

И покрај неговите борби со злоупотреба на супстанции и правни проблеми, Арон е решен да докаже дека не е жртва туку војник и признава дека му пречи тоа што јавноста го прикажува како проблематична поранешна ѕвезда.

Овој Американец, кој некогаш продаде над 70 милиони албуми, уште еднаш повтори дека неговата желба да се промени на прво место е поттикната од тоа што сака да биде најдобар можен татко на својот син.

Ник и Арон Картер имале многу тешко детство поради честите расправии на нивните родители, а товарот на славата дополнително направил порблем. И двајцата браќа признале дека биле дотепани од малтретирањето на нивните врсници на училиште, а Ник еднаш истакнал дека единственото нешто што го спасило е да биде дел од бој бенд и дека тие му биле единствената поддршка во животот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aaron Carter (@aaroncarter)

Но, изгледа дека Арон не го нашол својот спас, а не го пронашла и нивната сестра Лесли, која почина на 25 години од предозирање со антидепресиви.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk