Покрај Хурем и султан Сулејман, потоа Махидевран, Хатиџе и Мајка Султанија, една од оние со најголемо влијание од сенките во харемот на османлискиот владетел во познатата серија беше Нигар Калфа.
А малкумина знаат дека актерката, која гледачите од Македонија или ја обожаваа или ја презираа поради честите сплетки, е родена во Македонија (СФРЈ), дека зборува македонски и српски, и дека редовно навива за македонската фудбалска репрезентација.
Филиз Ахмет, турска актерка која своевремено се прослави со улогата на надзорникот на харемот Нигар Калфа во серијата „Сулејман Величествениот“, е родена на 15 април 1981 година во Македонија, но војните на територијата на Југославија влијаеле на одлуките на нејзиното семејство и нејзиното детство, а морала преку ноќ да порасне и да ја напушти родната земја, а малкумина знаат дека актерката со многу автентична убавина одлично го зборува македонскиот јазик.
Љубовта кон оваа професија ја наследила од нејзиниот дедо, познатиот турски актер Луфтија Сејфулах, кој живеел во Македонија. Бил многу почитуван и го основал првиот македонско-турски театар. Покрај тоа, нејзината мајка се занимавала и со глума, работејќи како суфлер.
Ја напуштила Македонија поради војната
Поради постојаните конфликти на Балканот, нејзиното семејство решило да замине во Шведска. Во Македонија се вратила на 15 години, па завршила медицинско училиште, а потоа и Факултетот за драмски уметности во Скопје во 2003 година.
Иако мислела дека кариерата ќе ја развива преку претстави, улогата во турската серија „Збогум Румелијо“ и носи голема промена. Како што растела во театар, таа не крие дека имала многу предрасуди за работата пред камери, но истакнува дека многу брзо и лесно се навикнала на тоа.
„Потекнувам од уметничко семејство и од мала сум во театарот. Дипломирав актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје и првенствено сум театарска актерка. Популарноста никогаш не ми била приоритет“, изјави во една прилика популарната актерка.
Филиз истакна дека хероината што ја портретира и нема апсолутно ништо заедничко.
„Таа воопшто не ми беше блиска, но затоа академијата не научи како да подготвуваме ликови и да ги надминеме проблемите при креирањето на улогата.“
Ликот на Нигар Калфа, кој ја направи ѕвезда, на кастингот веднаш стана јасно дека е напишана за неа, а таа од родното Скопје се пресели во Истанбул на снимање.
"Улогата на Нигар Калфа во "Сулејман Величествениот" ме збогати со нови искуства. Снимавме секој ден по петнаесет часа, шест дена во неделата. Тешко беше, но утешно е што ја работам работата што ја сакам. Како уметници, секогаш ја наоѓаме суштината, знаеме да го издржиме трудот затоа што имаме цел. Атмосферата на сетот беше одлична, се дружевме. Си помагавме, особено нашите партнери за дијалог. Сцената не беше завршена додека не дадеме вистинската енергија што ја бара приказната. И пред снимањето се согласуваме како најдобро да ја одиграме“, рече Филиз еднаш за „Глорија“.
Се дружи со Елена Ристеска и Ханка Палдум
Иако театарот многу и недостасува, актерката се посвети на сериите. Сепак, она што сите ги изненади е нејзината драстична промена на изгледот. Таа ја скрати својата долга коса и сега е потстрижена, а често може да ја видиме со многу впечатлива шминка.
Може да се слушнат коментари дека е екстремно млада, и дека никогаш не изгледала подобро, за што поткрепува и тоа што сега е многу послаба отколку во раната младост.
Исто така, на нејзиниот Инстаграм можете да видите слика со нашата позната пејачка Елена Ристеска и со Ханка Палдум.
Фото: принтскрин youtube
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата