logo
logo
logo

Беше една од најубавите жени на светот, а сега е непрепознатлива: Тој третман брутално ме уништи

Vecer | 23.09.2021

Беше една од најубавите жени на светот, а сега е непрепознатлива: Тој третман брутално ме уништи

Легендарниот супермодел и една од најплатените модели на 90 -тите години, Линда Евангелиста, за прв пат проговори на социјалните мрежи за нејзиниот изглед и естетските процедури, кои во нејзиниот случај не и отидоа во прилог.

Линда заедно со Наоми Кемпбел, Кристи Тарлингтон, Синди Крафорд и Клаудија Шифер ги освоија пистите и владееја со модната сцена во 90 -тите. Таа е позната во јавноста по изјави како што е та дека не станува од кревет за помалку од 10.000 долари. Во тоа време во светот немаше дизајнер или моден бренд кој не ја сакаше Евангелиста за заштитно лице.

Во последниве години, една од најубавите жени во светот стана главна медиумска тема поради бројните критики упатени кон неа на сметка на изгледот. Имено, по завидна кариера, Линда доби вишок килограми и лицето и се промени.

Папараците успеаја да ја сликаат во 2017 година на улиците во Њујорк. Нејзините фотографии потоа го обиколија светот, а малкумина можеа да ја препознаат. Но, таа молчеше за сето тоа.

Молкот и криењето од јавноста траеше до денес кога поранешниот супермодел на Инстаграм, каде што има нешто повеќе од 900.000 следбеници, искрено опиша што точно се случило.

Емотивната објава ја поддржаа сите светски sвезди, а беше поддржана и од една од нејзините најдобри пријателки, Наоми Кембел, позната како „црниот пантер“.

- Денес решив да направам голем чекор, сакајќи да поправам се што е погрешно, да откријам низ што поминав и чував во себе повеќе од пет години. За сите мои обожаватели кои се прашуваа зошто не работам, додека кариерите на моите колешки, со кои ја започнав модната приказна, се повеќе од успешни, причината лежи во фактот што третманот на Зелтик со CoolSculpting брутално ме уништи и го направи спротивно од она што ми беше ветено “, започна Линда.

- Наместо да ми ги намали масните клетки, т ретманот ги зголеми и ме остави трајно деформирана, дури и откако ми беа извршени две болни, но неуспешни операции. Останав, исто како што пишуваа медиумите, непрепознатлива - продолжи таа.

- Добив парадоксална масна хиперплазија, исто така наречена PAH (парадоксална масна хиперплазија), и не бев предупреден за оваа можна последица и ризик пред третманот. Поради ПАХ, не само што ја загубив егзистенцијата, туку и поради тоа паднав во длабока депресија, тага и го почувствував најголемиот презир кон себе. Во тој процес, станав осамена, и со оваа тужба, сакам да продолжам понатаму, да го тргнам тој срам од себе и јавно да ја раскажам мојата приказна. Уморна сум од ваков живот. Посакувам да можам да излезам од дома со крената глава повторно, и покрај фактот што повеќе не личам на себе - заврши славниот модел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk