logo
logo
logo

Бен Афлек до син му: Ако сакаш патики од 6000 долари, ќе мора многу трева да искосиш!

Vecer | 08.03.2025

Бен Афлек до син му: Ако сакаш патики од 6000 долари, ќе мора многу трева да искосиш!

И покрај тоа што поседува богатство проценето на 150 милиони долари, Афлек не им дозволува на своите деца да добијат речиси сè што сакаат без напор. Ова стана јасно во вирално видео од конвенцијата за патики во Лос Анџелес, каде Афлек беше со својот син, Семјуел.

Додека Семјуел гледал патики, посебно внимание му привлекле патики најк, од моделот „ Dior Air Force 1“ чија цена достигнува шест илјади долари.

Еден од присутните во видеото коментира дека актерот сигурно не бил воодушевен од идејата, на што Афлек дал совршено едноставен, но ефикасен одговор: „Тоа се многу тревници за косење“.

Синот се обиде да се одбрани велејќи дека патиките му се допаѓаат не само поради цената туку и поради изгледот: „Не, навистина се добри! Отсекогаш сум велел дека ми се допаѓаат“. Но, тато Бен остана на својот став - луксузот треба да се заработи.

@gotsole Ben Affleck might have to buy his son Dior 1’s 👀 #sneakers #fyp #BenAffleck ♬ original sound - Got Sole

Моментот одекна кај обожавателите кои отидоа на TikTok за да го пофалат родителскиот пристап на Афлек. „Вредиш стотици милиони и рече не. Нека ги заработи, добар татко“, напишал еден корисник. Друг додаде: „Браво, така се воспитува дете“.

Афлек и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер заедно имаа три деца – Вајолет (19), Серафина (16) и Семјуел (13). Иако се разведоа во 2015 година, по десет години брак, продолжија да работат заедно како родители.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk