Белата куќа денеска соопшти дека е вознемирена од лажните онлајн фотографии на светската музичка ѕвезда пејачката Тејлор Свифт и рече дека компаниите на социјалните мрежи имаат важна улога во спроведувањето на правилата за да се спречи ширењето на таквите дезинформации.
„Ова е многу алармантно. И затоа ќе направиме сè што можеме за да го решиме ова прашање“, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер на брифингот со новинарите, додавајќи дека Конгресот треба да преземе законодавна акција по ова прашање, пренесува Ројтерс. .
Лажни експлицитни слики на Тејлор Свифт, најверојатно генерирани од вештачка интелигенција, се раширија на социјалните мрежи оваа недела, предизвикувајќи гнев кај обожавателите и повици до законодавците да ги заштитат жените и да ги спречат платформите и технологиите што шират такви слики.
Една од фотографиите што ги сподели корисникот на платформата Х (Твитер) беше прегледана 47 милиони пати пред да биде суспендирана сметката во четвртокот.
Мрежата „X“ суспендираше неколку сметки кои објавуваа лажни слики на Тејлор Свифт, но сликите беа споделени на други социјални мрежи и продолжија да се шират и покрај напорите на тие компании да ги отстранат.
Додека компанијата X рече дека работи на отстранување на сликите, обожавателите на поп-ѕвездата ја преплавија платформата во знак на протест.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата