logo
logo
logo

Сидни Свини гола во новата епизода од серијата „Еуфорија“: Експлицитните сцени од актерката го обиколуваат светот

Vecer | 22.04.2026

Сидни Свини гола во новата епизода од серијата „Еуфорија“: Експлицитните сцени од актерката го обиколуваат светот

Втората епизода од третата сезона на серијата „Еуфорија“ носи некои од најпровокативните сцени што Сидни Свини ги снимила досега. Во новите епизоди, нејзиниот лик Кејси Хауард влегува во сосема нова фаза од животот и се свртува кон објавување содржини на платформата OnlyFans.

Популарната серија која премиерно се емитуваше во 2019 година, ги следи ликовите во својата трета сезона пет години по претходните настани. Новите епизоди во Европа се достапни во понеделник и веќе предизвикуваат бура од реакции кај гледачите.

Откако привлече внимание во претпремиерата на сезоната со необичен костим, Кејси оди чекор понатаму. За да собере пари за свадбата со нејзиниот вереник Нејт Џејкобс, кој го игра Џејкоб Елорди, таа е подготвена да направи радикални потези.

Се издвојува детаљот дека тој сака луксузен цветен аранжман вреден дури 50.000 долари.

Најновата епизода прикажува серија сцени во кои Кејси снима содржина за возрасни, со разни провокативни концепти и костими, вклучувајќи го и веќе споменатиот необичен стил кој предизвика лавина од коментари.

Ова не е прв пат Сидни Свини да се појави во експлицитни сцени во серијата. Уште во 2022 година, во интервју за „The Independent“, таа откри дека разговарала со авторот на серијата, Сем Левинсон, за намалување на бројот на вакви сцени во иднина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk