logo
logo
logo

БАЛАШЕВИЌ ЌЕ СЕ УЧИ НА УЧИЛИШТЕ, три песни ќе се најдат во српските учебници

Vecer | 25.05.2021

БАЛАШЕВИЌ ЌЕ СЕ УЧИ НА УЧИЛИШТЕ, три песни ќе се најдат во српските учебници

Три музички дела на еден од најголеми балкански текстописци, неодамна починатиот Ѓорѓе Балашевиќ, ќе се најдат во учебник за основно училиште.

Честа да некои нови клинци ги учат и анализираат делата на панонскиот морнар ја добија песните „Дрвена песма“ наменети за осмо одделение, додека за пониските одделенија се наменети за „Д-мол“ и „Девојка са чардаш ногама“.

Проф. Ивана Лучиќ од новосадското основно училиште „Коста Трифковиќ“ вели дека изборот е интересен.

- Важно е затоа што е разновидно и токму тоа е она што е одлика на нашиот драг Ѓоле Балашевиќ. Значи, имаме „Девојка са чардаш ногама“ весела, оптимистична песна. Потоа „Д-мол“, тажна љубовна песна и за осмаците „Дрвена песма“ во која се зборува за сонот на едно момче - вели таа.

Професорката исто така смета дека изборот на песни е адекватен.

- Не е многу лесно да ги разбереме и не се едноставни, затоа е убава задачата наставниците да ја анализираат песната заедно со учениците, да најдат стилски фигури, скриено значење и тие пренесени значења - заклучи таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk