Пејачката Тејлор Свифт и американскиот фудбалер Тревис Келси наводно веќе се венчале пред нивната голема забава во Медисон сквер гарден, како што изјавија повеќе извори за „Пејџ сикс“. Се верува дека во строга приватност го кажале судбоносното „да“, а пред раскошната прослава донирале и 26 милиони долари во хуманитарни цели.
Иако парот планира забава во Медисон сквер гарден со повеќе од 1.000 гости, по пробната вечера со 100 гости, тие наводно ги размениле заветите пред најтесниот круг на семејството и пријателите. „Веќе се венчани“, навел еден од изворите, додека друг извор од Нешвил рекол дека целиот град зборува за парот кој е „веќе легално венчан“.
Венчалните дозволи во сојузната држава Њујорк се запечатени за јавноста, но извори од Канцеларијата на градскиот секретар во Менхетен минатата недела инсистираа на тоа дека во последните неколку дена немало знаци за венчална дозвола на Тејлор. „Ние ќе знаевме“, рекол изворот. Венчалната дозвола во Њујорк важи 60 дена, со период на чекање од 24 часа пред церемонијата да може легално да се одржи. Можно е да се добие судско одобрение за да се заобиколи тоа правило.
Некои извори наведоа дека парот се венчал во Тенеси, каде што Свифт се преселила кога имала 14 години со цел да стане текстописец.
Повеќе извори изјавија дека големата свадбена прослава ќе се одржи во Медисон сквер гарден, една од најпознатите арени во светот каде што се одржуваат спортски и музички настани. Голем број работници со денови ја подготвуваат арената за славните гости, меѓу кои ќе се најдат Селена Гомез, Ед Ширан, Џиџи Хадид, Дуа Липа и други.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата