Британскиот актер Том Холанд (29) завршил во болница по несреќа на снимањето на најновиот филм за Спајдермен.

Имено, за време на изведбата на една од напорните сцени, се случила несреќа во која актерот паднал и ја повредил главата. Според извештаите од снимката, Том Холанд доживеал потрес на мозокот, поради што бил итно префрлен во болница.
Освен него, со возило на брза помош била однесена и жена за која се верува дека е каскадерка.
Снимањето на филмот „Спајдермен: Сосема нов ден“, чиј буџет се проценува на дури 150 милиони фунти, веднаш било прекинато во студиото во Ливсден во близина на Вотфорд. Се очекува паузата да трае со недели, додека не заврши истрагата и не се обезбедат безбедни услови за продолжување на работата.
Таткото на Холанд, комичарот Доминик Холанд, потврдил дека неговиот син ќе биде отсутен од снимањето „некое време“.
По инцидентот, Том Холанд се појави на добротворна вечера во Мејфер заедно со неговата свршеница и колешка Зендаја (28), со која позираше пред камерите. Сепак, набрзо мораше да се повлече бидејќи не се чувствуваше добро.
Поради падот, во приказната би можела да се вклучи Агенцијата за безбедност и здравје при работа, која ќе спроведе истрага за околностите под кои се случила несреќата.
Портпаролот на службата за брза помош на Источна Англија потврди дека добиле повик во 10:30 часот наутро во петокот и испратиле возило на местото на настанот, по што повредениот актер бил однесен во болница на понатамошно лекување.
Тоа е четвртиот независен филм за Спајдермен во кој Холанд ја игра главната улога, а премиерата е планирана за јули следната година. Сепак, по овој инцидент, останува неизвесно дали филмот ќе биде завршен според планираниот распоред.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата