logo
logo
logo

Ацa Лукас хоспитализиран: Пејачот заврши во Ургентен центар, веднаш се огласи

Vecer | 04.06.2025

Ацa Лукас хоспитализиран: Пејачот заврши во Ургентен центар, веднаш се огласи

Ацa Лукас денеска дошол во Ургентниот центар поради болки во кичмата. Како што дознаваме, тешко се движел при влегување во болницата, а на лекарите им се пожалил на укоченост.

Можеби ќе ве интересира: Александар Вучиќ објави „надреална“ фотографија со Ацa Лукас

Фолкерот во моментов е на испитувања, а и минатата година имал здравствени проблеми.

Минатата година, Ацa Лукас исто така беше во Ургентниот центар кога имал температура над 40 степени и покачен ЦРП.

Пејачот се огласи

„Драги мои, еве, фала му на Бога, жив сум, здрав сум! Да знаете дека турнејата продолжува од 5 август па натаму, според утврдениот распоред. Сите што сте заинтересирани, знаете. Ве поздравува Ацa Лукас“, објави тогаш пејачот преку Инстаграм.

Инаку, Ацa Лукас неодамна го напушти Белград и се пресели во Нови Сад, каде што сега живее, пишува Б92.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk