logo
logo
logo

Ашер избран за музичка ѕвезда на Супербоул

Vecer | 25.09.2023

Ашер избран за музичка ѕвезда на Супербоул

Осумкратниот освојувач на наградата „Греми“ рече дека се радува на настапот на НФЛ спектаклот.

-Ова е голема чест конечно да го симнам настапот на Супербоул од мојата листа на желби. Одвај чекам да му прикажам на светот шоу какво што досега од мене не е видено, порача Ашер.

Најголемите американски ѕвезди традиционално настапуваат на полувреме на најважниот натпревар во НФЛ лигата во годината.

Изминатиот февруари спектакуларен настап имаше Ријана која настапи во поодмината бременост, што беше и нејзин прв самостоен настап во последните седум години.

На Супербоул претходно настапуваа и Мадона, Колдплеј, Бијонсе, Еминем, Мајкл Џексон и многу други познати музички имиња. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk