logo
logo
logo

Арнолд Шварценегер со трогателна порака му го честита 93. роденден на Клинт Иствуд

Vecer | 02.06.2023

Арнолд Шварценегер со трогателна порака му го честита 93. роденден на Клинт Иствуд

Шварценегер на својот Фејсбук профил објави заедничка фотографија од скијање, заедно со која напиша емотивна посвета.

„Среќен роденден, Клинт! цитат од неговата нова акциона серија Фубар („Хероите не се пензионираат. Тие се надополнуваат“)

Да потсетиме дека Шварценегер и Иствуд се пријатели со децении, а во 2006 година, Шварценегер, како гувернер на Калифорнија, на Иствуд му ја врачи првата награда во Куќата на славните во Калифорнија.

Шварценегер во едно интервју во 2013 година го нарече Иствуд свој „идол“, велејќи дека секогаш уживал да учи од својот долгогодишен пријател.

Актерот првично ја објави нивната заедничка фотографија во 2019 година кога напиша: „Обидете се да најдете посилно дуо од нас. Ќе почекам“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk