logo
logo
logo

Аријана Гранде по само две години во брак се разведува

Vecer | 22.09.2023

Аријана Гранде по само две години во брак се разведува

Тие беа во брак само две години, а гласините за развод започнаа во јули оваа година.

Пејачката ги отстрани сите свадбени фотографии од Инстаграм, а набрзо почна да се гледа со актерот Итан Слејтер, пренесува TMZ.

Сето ова не би било толку интересно доколку Итан не беше во брак, а набрзо се појавија гласини дека тој и пејачката започнале врска додека двајцата се уште биле во брак.

Така, наводно, Аријана решила да се разведе од сопругот кога се заљубила во Итан, а набрзо и тој поднел барање за развод .

- Моето семејство е само колатерална штета - изјавила за ова сопругата на Итан Лили за „Пејџ шест“, пренесе „Сан“.

Сепак, тие не ги коментираа овие наводи, а како што пренесува TMZ, пејачката наводно поднела барање за развод во понеделникот преку нејзината адвокатка Лаура Васер. Како причина беа наведени непомирливите разлики. Набргу потоа, адвокатот на Далтон наводно поднел тужба исто така.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk