logo
logo
logo

Аријана Гранде, Мараја Кери и Барбара Стрејсенд со заедничка песна

Vecer | 06.05.2025

Аријана Гранде, Мараја Кери и Барбара Стрејсенд со заедничка песна

Во новата соработка, тие ќе ја изведат песната „One Heart, One Voice“. Но, тоа нема да биде дует, бидејќи како трет глас им се придружи Мараја Кери. Песната на Стрејсенд и Гранде е всушност изворно напишана во 1931 година. Своја верзија снимиле и Френк Синатра (1943 година), „Ендрјуз систерс“ (1946) итн. Инаку, на албумот ќе има и други познати гости: Боб Дилан, Пол Макартни, Хозиер и Лауфи, Тим Мекгро, Стинг, Сил, Џејмс Тејлор...

Албумот e насловен „The Secret Of Life: Partners, Volume Two“. Според најавите, треба да излезе на 27 јуни.

Претходно, Стрејсенд и Гранде пред неколку години заедно ја отпеаја и „No More Tears (Enough is Enough)“ во живо во Чикаго.

Говорејќи за Аријана, таа музички соработува и со нејзиниот колега од филмот „Злобница“ (Wicked) - Џеф Голдблум. Имено, таа пее на последниот негов албум наречен „Still Blooming“. 


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk