logo
logo
logo

Арамиите кај Северина ИМАЛЕ АЛБАНСКИ НАГЛАСОК?!

Vecer | 16.06.2021

Арамиите кај Северина ИМАЛЕ АЛБАНСКИ НАГЛАСОК?!

Двајца маскирани разбојници пред два дена упаднаа во станот на пејачката Северина Којиќ, кој се наоѓа во главниот град на Хрватска, а сега се појавија нови детали за овој случај.

Крадците ги украле сите скапоцености што ги имала пејачката во станот. Тие и ја куќната помошничка и набргу побегнале во непознат правец, а се верува дека претходно ја следеле пејачката со денови и чекале таа да го напушти нејзиниот дом.

Според „Јутарњи.хр“, куќната помошничка која била во станот кога се случил грабежот изјавила дека „разбојниците имале албански акцент“.

„Северина, зошто се врати?“, зачудено прашала 66-годишната собарка кога во вторникот околу 13.45 часот слушнала како се отвора влезната врата од пентхаусот. Таа го чистела ходникот со правосмукалка, но и имало пуштено музика што влијаело на тоа да не слушне дека некој влегува. Но, наместо сопственичката Северина Којиќ, која пред малку излегла со управителот Томица Петровиќ, пред неа во ходникот се појавиле двајца непознати мажи. Тие ја собориле несреќната жена на подот и ја врзале, пишува Јутарњи.

Тие темелно го пребарале целиот стан само за да го најдат она што го барале - три кутии со златен накит и дијаманти.

Инаку, Северина го купи овој имот на почетокот на 2000-тите, но нејзините обожаватели можеа да ја видат внатрешноста на луксузниот стан само во ретки прилики.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk