Филмската ѕвезда се пробива во светот на модата со Atelier Jolie, кое е замислено како „креативен колектив за самоизразување“.
Никој не можеше ни да помисли дека некоја позната актерка би се занимавала со вакво нешто. Дури ни таа самата!
- Никогаш во целиот мој живот не сум била на модна ревија или на Мет Гала - изјави Џоли за дигиталното издание на магазинот „WSJ“.
Анџелина Џоли вели дека е „смешно“ да се приклучи на модниот свет: „Не сакам да бидам дизајнерка“.
За Џоли ова е страствен проект.
- Веројатно ќе изгубам пари, можеби дури и за некое време. Ако на крајот можам да имплементирам некои работи за кои сметам дека се подобрувања и едноставно да престанам, тоа е огромна победа.
Студиото е основано на Менхетен, во поранешниот дом и студио на Енди Ворхол и Жан-Мишел Баскија. Ателје Џоли е фокусирано на квалитетот и одржливоста.
- Ако е лесно да се објасни, веројатно нема да биде толку исполнето како што може да биде. Во животот никогаш не ме разбираа веднаш – додаде таа.
Анџелина Џоли ги замолила фановите да се пријават за работа во нејзината нова модна куќа. Таа сака да му даде шанса на секое талентирано суштество. Со фокус на одржливоста и луѓето, тие го следат етичкото создавање од почеток до крај.
- Дали можеме да избегнеме да предизвикаме вистинска штета, не само на земјата, туку и на работниците во модата? Дали е можно да отидам некаде и да уживам во правењето облека, да уживам во носењето облека и да не повредам никого? Дали е можно всушност добро да се однесувате со луѓето – прашува актерката.
Филмската ѕвезда и мајка на шест деца, исто така, се отвори за нејзиниот личен стил, откривајќи дека нејзината секојдневна „униформа“ (панталони, џемпери, фустани, чанти и облека за секој ден и за на работа) ѝ дава приоритет на функцијата пред модата, фокусирајќи се на нејзиниот идентитет на мајка.
- Јас сум мајка и тоа целосно го впивав во тоа што сум - рече таа, додавајќи дека една од нејзините ќерки често се исмејува со една од основните работи во нејзината гардероба.
- Ќерка ми се шегува дека носам премногу палта - изјавила за магазинот и додала дека тоа е само „нешто што треба да се крие“.
Џоли исто така за магазинот изјавила дека без разлика што носи, нејзе ѝ е поудобно од кога било во сопствената кожа.
-Кога ги гледам моите лузни и моите работи се чувствувам како да сум живеела - заклучила таа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата