logo
logo
logo

Анџелина Џоли го посети граничниот премин Рафа кон Појасот Газа

Vecer | 03.01.2026

Анџелина Џоли го посети граничниот премин Рафа кон Појасот Газа

Џоли го посети египетското Здружение на Црвената полумесечина за да добие увид во хуманитарните напори кон блокираниот крајбрежен појас, соопштија извори од организацијата.

Регионалниот гувернер ја прими Џоли и ја придружуваше за време на нејзината посета на премиенот. Арапските медиуми објавија дека присутен бил и претставник на американскиот Стејт департмент.

Џоли, потоа со симболичен гест помогна во пакувањето хуманитарни материјали за Газа и ја изрази својата благодарност за напорите на Египет. Таа, исто така, ја пофали клучната улога што ја играат волонтерите и персоналот во ефикасната дистрибуција на хуманитарни материјали и покрај бројните предизвици.

Таа се појави и во блиската болница Ал-Ариш.

Џоли пред повеќе години беше специјален пратеник на агенцијата за бегалци на ОН -УНХЦР, а и денеска продолжува да посетува воени и кризни региони низ целиот свет за да го привлече вниманието кон страдањето на цивилите.

Рафа е единствениот граничен премин во Појасот Газа што не води директно до Израел. Преминот беше затворен за време на војната во Газа. Хуманитарните организации веќе долго време бараат преминот да биде отворен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk