logo
logo
logo

Видео

Алка Вуица се враќа со женска химна! ХИТ ВО НАЈАВА

Vecer | 03.06.2021

Алка Вуица се враќа со женска химна! ХИТ ВО НАЈАВА

Славната авторка на многу познати песни, уникатната Алка Вуица после 16 години пауза се враќа на сцената, и тоа како изведувач. Со одличната „Луѓакиња“ („Luđakinja“) Вуица го најавува новиот студиски албум, на кој интересно е дека соработува со Марија Мирковиќ, некогашната членка на бендот Фрајле, која по заминувањето од составот реши максимално да ѝ се посвети на авторската работа.

Токму Марија е дел и од авторскиот тим на темата „Луѓакиња“, односно нејзина е музиката, Алка е текстописец, додека аранжманот е со потписот на Драган Брнас - Фудо. Видеозаписот, пак, го потпишува Жељко Јурешиќ.

 „Таа е вистинска женска химна. Тоа е песна која ќе остане и долго ќе се слуша. Со Марија како композитор сум соработувала и порано, но ова е нешто сосема поинакво од она што сме го правеле, прилично е кантавторски и лично. Мило ми е што токму оваа тема е одбрана за прв сингл“, вели Алка.

Песната, инаку е објавена на тројниот албум „13 СМС фестивал 2021“, а Алка ќе ја изведе на 12 јуни на водичката рива, што особено ја радува.

Луѓакиња“ е еден старо-нов звук на Алка Вуица, звук кој сите го сакавме и едвај чекавме да го чуеме повторно, а еве како звучи:

 

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=0JMsg2900Gs[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk